Информациите за авионска несреќа во Замбија не се точни, туку се одржувала само вежба на спасувачки служби, соопшти руската амбасада во Лусака.
– Не се случила никаква несреќа. Се одржуваше планирана вежба на спасувачки служби, вклучувајќи ја пожарникарската и на медицински персонал, изјави рускиот вршител на должност амбасадор во Замбија, Андреј Столјаров.
Тој смета дека дезинформацијата пристигнала од патници кои се наоѓале во други авиони и испратиле порака по интернет.
– Вработен во Руската амбасада беше испратен на аеродромот и ситуацијата е разјаснета, истакна дипломатот.
Претходно е соопштено дека патнички авион „Мекдонал-Даглас“, во кој се превезувале 93 патници и членови на екипажот, се урнал при слетувањето на меѓународниот аеродром во главниот град на Замбија, а веднаш потоа биле испратени спасувачки екипи на местото на несреќата.