Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави оти Доналд Туск добро работел како претседател на Европскиот совет.
Но, портпаролот на Меј не прецизира дали британската премиерка идната недела ќе гласа за реизбор на Туск.
Мандатот на Туск истекува во мај и тој има прилично голема поддршка од поголемиот број земји-членки на Европската унија за да биде реизбран за втор мандат од 2,5 години.
Обидот на полската евроскептична Влада за отстранување на Туск од претседателската функција на Европскиот совет не доби поддршка на седницата на министрите за надворешни работи на Унијата, што се одржа во понеделникот.