Висок полициски претставник и службеничка убиени во два напади во Авганистан

Од:

Висок полициски претставник и државна службеничка, одговорна за женски прашања, се убиени денеска во два напади во Авганистан.

Началникот на полицијата во западната провинција Немруз загина во експлозија на бомба поставена крај пат. Генерал Мохамед Муса Расол одел на работа, кога неговиот автомобил наишол на експлозивна направа. Талибанците преземаа одговорност за нападот.

Вооружени мажи, изутринава ја застрелаа директорката на одделот за женски прашања на провинцискиот совет на источната провинција Лагман. Надја Садики е убиена на пат кон своето работно место.

Претходничката на функцијата на Садики, Ханифа Сафи е убиена пред пет месеци во експлозија на бомба поставена на нејзиниот автомобил. Досега никој не презма одговорност за нападот. Сепак, талибанците се големи противници на тоа жените да се школуваат и до одат на работа.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан