Претседателот на Боливија Ево Моралес замина за Куба на итно лекување, јави ДПА.
– Одлуката е донесена откако Моралес не се почуствува добро и едвај можеш да зборува за време на вчерашната седница на Кабинетот, изјави министерот Рене Мартинес.
Тој додаде дека 57-годишниот Моралес се разболел во јануари и неговата состојба се влошувала.
Мартинес не соопшти повеќе детали за болеста на Моралес.
Боливискиот претседател оваа недела откажа два претходно планирани настани.