Тилерсон оствари телефонски разговор со Анастасиадис и Аканџи

Од:

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон оствaри телефонски разговор со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и со лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџи, пишува весникот „Филелефтерос“.

Разговорот бил по иницијатива на американскиот дипломат.

Весникот коментира дека новиот државен секретар ја следел „тактиката на еквидистанца“ што е длабоко вкоренета во бирократијата на дипломатското претставништво на САД, а се должи на притисокот од страна на Анкара за едначењето на Република Кипар со меѓународно непризнатата Севернокипарска турска република.

Се напоменува дека како извршен директор на „Ексон Мобил“, Тилерсон имал мноштво контакти во минатото со кипарската Влада.

За време на телефонскиот разговор со кипарскиот претседател биле разгледани двострани прашања за соработката меѓу САД и Кипар, а исто така и процесите во Средоземното Море.

Во врска со тоа, весникот наведе и дека за 8 март е планирана дебата во Вашингтон на темата „Стратегија и остварлив развој на обединет Кипар“, организирана од страна на Атлантскиот совет.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот