Ирачките сили го затвориле последниот излез од Мосул за припадниците на ИД

Од:

Ирачката војска го затворила последниот излез за припадниците на екстремистичката Исламска држава, кои се наоѓаат во своето последно упориште во западниот дел на Мосул, и го контолираат влезот во градот од северозапад, изјави генерал на Деветата оклопна дивизија.

Според генералот, Деветата оклопна дивизија се наоѓа неколку километри од „Сириската капија“ во Мосул, што го претставува северозападниот влез во градот.

– Ние го контолираме патот, рече генералот, додека британските медиуми наведуваат дека жителите на Мосул до вчера не можеа да патуваат по автопатот, што почнува кај „Сириската капија“.

Патот ги поврзува Мосул и Тал Афар, уште едно упориште на ИД, на 60 километри западно од градот, на патот што води до сириската граница.

Претходните неколку дена ирачките сили зазедоа аеродром и мост во најјужниот дел на градот, што се смета за стратешки важен бидејќи минува преку реката Тигар, а кој на ирачките сили ќе им овозможи да доведат засилување и да внесат залихи од источната страна на градот.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак