Македонски атлетичари на Европското првенство во Белград

Од:

Атлетската федерација на Македонија ќе настапи со двајцата најдобри натпреварувачи во атлетика на претстојниот европски шампионат во сала, што од 3 до 5 март годинава ќе се одржи во Белград и на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА.

Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески, по тој повод денеска се сретна со претседателот на Атлетска федерација на Македонија Крсте Серафимовски и двајцата најдобри млади атлетичари по постигнати резултати за 2017 година Сашо Голубиќ (1995), кој ќе настапи на 60 метри и Мартина Мироска (1998), која ќе настапи во скок во далечина.

Спасески рече дека атлетиката во нашата земја е во континуиран развој, а Владата преку ресорните институции силно вложува и во делот на подобрување на спортската инфраструктура и овозможување услови за развојот на овој спорт.

– Се изгради најсовремена атлетска патека по сите светски стандарди на Националната арена „Филип Втори Македонски“, на која се одржа и Европскиот куп во трчање на 10 километри, изјави Спасески.

Посочи дека АМС има одлична соработка со Атлетската федерација на Македонија која финансиски ја поддржува со вкупно 1.660.000 денари за подготовки и учество на Светско првенство за сениори во Лондон, Европското првенство за сениори во сала во Белград, Светското првенство за млади во Најроби, Евроспкото првенство во планинско трчање во Камник и Светското првенство во планинско трчање во Прамена, Италија.

– Финансиска поддршка има и за Организација на системот на натпревари, за организација на меморијалниот атлетски митинг “Лазо Милошески”, за Скопскиот маратон, како и за спроведување на соодветни допинг-контроли. На нашите репрезентативци им посакувам успешен настап и се надевам дека во одлично светло ќе не претстават на ова Европско првенство, изјави Спасески.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди