Двата луксузни автомобилски брендови, Лексус и Порше, се на прво место во годишното истражување за безбедноста на моделот и автомобилските марки, кое во САД го спроведува J.D. Power, додека сопствениците на Фиат најмногу се жалат на проблеми со своите возила.
Студијата која ја објавува J.D. Power веќе 28 години, ги истражува проблемите на автомобили стари три години. Во испитувањето кое се однесува на 2016 година, учествувале 35.186 сопственици и 224 модели на автомобили.
Безбедноста на брендот и моделот се определува според бројот на проблемите со кои се соочиле возачите во 2016 година. Врз основ на собраните податоци направена е табела на која прво место по безбедноста го заземаа двата бренда Лексус и Порше, двата со по 1,1 проблем по возило.
На крајот на листата на 31 место е Фиат, чии сопственици во просек се жалеле на 2,98 проблеми по возило.
Во студијата биле истражувани проблеми во врска со моторот, менувачот, потоа мултимедијалните/аудио/навигациски системи и ентериерот, како и општиот впечаток за автомобилот во возењето.
Исто така, анкетата опфатила проблеми и недостатоци кои се однесуваат на инструментите и командите, потоа на системите за греење/вентилација/климатизација и за автомобилските седишта.