БМВ-то во коешто Тупак беше убиен, оди на продажба

Од:

На порталот „Момент ин Тајм“ се појави оглас за продажба на автомобилот БМВ 7 (Е38), во кој беше застрелан познатиот рапер Тупак Шакур. Возилото чини 1,5 милиони долари.

Раперот беше убиен во 1996 година, додека тој се наоѓал на предното седиште. Почина неколку дена подоцна. Убијците никогаш не беа откриени.

По настанот, автомобилот беше конфискуван од полицијата, а потоа и продаден на аукција. Оттогаш тој имаше неколку сопственици, и неопходниот технички преглед, но трагите од куршуми од внатрешната страна на вратата кај совозачкото седиште, се намерно оставени, заради „автентичноста“.

Бројот на поминати километри на автомобилот изнесува 145.000.

Лани беше продаден и „Хамер“-от на Тупак, за 340 000 долари.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска