Карлос Госн го напушти кормилото на „Нисан“

Од:

Претседателот и извршен директор на јапионскиот производител на автомобили „Нисан“, Карлос Госн, одлучи да ги напушти двете високи функции во компанијата.

На местото прв човек на компанијата ќе дојде Јапонецот Хирото Саикава, а официјалната смена на врвот ќе се случи на 1 април 2017 година, соопшти „Нисан“.

Со заминувањето од високите функции во „Нисан“, Карлос Госн ќе може да се фокусира на другите обврски со оглед дека и натаму е извршен директор на групацијата „Рено“, како и претседател на групацијата „Нисан-Рено“, а неодамна стана и претседател на компанијата „Митсибуши“, чиј 34-процентен сопственик е на компанијата „Нисан“.

Новиот извршен директор на јапонскиот производител, Хирото Саикава (63), во „Нисан“ е од 1977 година, а за последните четири децении во компанијата извршувал голем број одговорни должности. Во периодот од 2006 до 2016 година тој беше член на бордот на групацијата „Рено“.

Госн заминува по уште една успешна година на „Нисан“. Овој производител во 2016 година низ целиот свет испорача 5.559.902 возила, со раст од 2,5 проценти на годишно ниво. Кога станува збор за луксузниот бренд „Инфинити“, што, исто така, е во сопственост на „Нисан“, во 2016 година беа продадени 230.000 автомобили од оваа марка.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска