Исламската држава со дронови ги напаѓа ирачките трупи кои со поддршка на САД се борат да ја вратат контролата над западниот дел на Мосул.
„Си-Би-Ес њуз“ јави дека на перифериите на овој град, што е трет по големина во Ирак, ирачките сили со помош на американската војска полека ја освојуваат територијата што е под контрола на ИД.
Сепак, американската телевизија наведува дека ирачките сили многу бавно напредуваат. Причината е тоа што операцијата ја отежнуваат дроновите на ИД.
Џихадистите преку нив фрлаат рачни бомби и артилериски гранати, а агенцијата на ИД – Амак објави видео каде е прикажано како е изведен директен напад врз ирачко оклопно возило.