Њујорк Никс загуби од Чикаго со 93:85, што е трета едноподруго победа за Булси. Најефикасни беа Луол Денг и Марко Белинели со по 22 поени.
Сан Антонио постигна рекордни 19 тројки совладувајќи го Шарлот со 132:102, седум играчи имаа двоцифрен учинок, а од зад линија 7.24 метри блескаше Дени Грин со седум погодоци од девет обиди за вкупно 23 поени. Тони Паркер дополни 22 поени и девет асистенции.
Бостон Селтикс славеше во дербито на Истокот Филаделфија со 92:79, преводени од Кевин Гарнет со 19 поени (9/11 од игра), најдобар и покрај тоа што по 15 години прв пат немаше скок.
Затоа Џеф Грин со 16 поени, додека Пол Пирс дополни 13 поени со 9 асистенции. Ражан Рондо имаше седум поени, со 9 скока и 11 асистенции. Единствено расположен кај Филаделфија беше Тадеус Јанг со 22 поени.