На престојното Балканско првенство во атлетика во сала што ќе се одржи утре во Белград, Македонија ќе биде претставена со 10 атлетичари и атлетичарки. На шампионатот се очекува да настапат околу 300 учесници од 15-те држави членки на АБАФ.
Кај мажите за Македонија ќе настапат: Сашко Голубиќ и Александар Таневски (трка 60 метри); Дарио Ивановски (трка 3.000 метри) и Александар Таневски (скок во далечина). Во женска конкуренција Македонија ќе ја претставуваат: Јана Митовска и Дрита Ислами (трка 60 метри); Катерина Тимчевска (трка 400 метри); Рената Соколовска (трка 800 метри); Бесијана Мустафа (скок во височина); Мартина Мироска (скок во далечина) и штафета 4 х 400 метри (Митовска, Ислами, Тимчевска и Кристина Јосифовска).