Петнаесет ирачки граничари убиени во напад на ИД

Од:

Терористичката групација Исламска држава (ИД) нападна пограниченен пункт на ирачките безбедносни сили на границата со Јордан, при што загинаа најмалку 15 ирачки граничари, јави БТА.

– ИД изврши напад со автомобил бомба и пешадија против Вториот пограничен полк близу Требил (град што се наоѓа околу 500 километри западно од Багдад)… Нападот е извршен од неколку правци. Во него се убиени 15 граничари, од кои двајца офицери, изјави офицер кој побарал анонимност.

Претставник на шиитските милитантни групи кои дејствуваат во западната провинција Анбар, изјави дека им помогнале на граничарите да го одбијат нападот.

Ирачките сили ја вратиле контролата врз голем дел од провинцијата, односно градовите Рамади и Фалуџа, но џихадистите се уште ги држат пустинските области, кои опфаќаат и делови Сирија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска