Кошаркарите на Фени Индустри попладнево ќе го одиграат претпоследниот натпревар од групната фаза во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Кавадарчани ќе гостуваат во Стара Загора кај бугарската екипа Берое која е лидер на табелата во Ц групата. Македонскиот тим е во ситуација да атакува на победа доколку сака да ги сочува шансите за место во разигрувањето односно плејофот.
Фени Индустри на коло пред крајот е на четвртата позиција со два бода помалку од Кожув и Сутјеска, односно три помалку од денешниот противик, од кој во претходното коло загуби во Кавадарци минимално со 84-85.
Од македонските екипи во БИБЛ лигата, пласман во плејофот и тоа директно во полуфиналето обезбеди Куманово со синоќешната победа над Пеќ со 80-76.
Вториот меч од Д групата, меѓу Карпош Соколи и Теодо беше прекинат во 35.минутиа при водство на гостите од 61-61, па натпреварот е регистриран со службен резултат 20-0 за црногорскиот тим. Голема е веројатноста дека по овој натпревар македонскиот освојувач на Купот веќе нема да се натпреварува во БИБЛ лигата.