Во далечната 1977 година на саемот за автомобили во Женева, првпат беше изложена купе верзијата на познатата лимузина „Мерцедес W123“.
За разлика од седанот, што и денеска често пати се сретнува на патиштата, ова купе е ретка појава на целиот Балкан.
„Мерцедес Ц123“ дебитираше на престижниот женевски авто-салон во 1978 година, една година по премиерата на лимузиската варијанта. Автомобилот има складни линии и беше околу четири сантиметри понизок од верзијата со четири врати, што дополнително влијаеше на неговиот спортски изглед.
Покрај тоа, моделот „Ц123“ беше и нешто пократок од седанот. Сепак, најочигледна разлика во однос на моделот „W123“ се огледаше во недостатокот на „Б“ столбот и рамката на прозорците на вратите.
На самиот почеток, во понудата беа верзијата „230Ц“, „280 Ц“ и „280 ЦЕ“, а подоцна палетата беше проширена и со турбодизелот „300 ЦД“. Разликата во силата на моторите се движела од 80 кс до 156 кс.
„Мерцедес Ц123“ се изработуваше се до 1985 година, а заклучно со август истата година од фабричките ленти се симнаа речиси 100.000 автомобили.