Љубителите на автомобилите на „Хонда“ наскоро ќе имаат можност да видат како изгледа новиот модел „Сивик Тајп Р“, кој ќе ја има својата промоција на 87. Саем на автомобили во Женева во март годинава.
Прототипот на „Хонда Сивик Тајп Р“ веќе се појави на саеми ширум светот, а наскоро ќе излезе и серискиот модел. „Хонда“ соопшти дека новиот модел е развиван паралелно со стандардниот хечбек „Сивик“, што било многу корисно за динамиката и подобрување на двете возила.
Јапонскиот производител потврди дека „Хонда Сивик Тајп Р“ ќе има 2,0-литарски ВТЕЦ Турбо бензински мотор, кој ќе развива над 300 коњски сили, а ќе биде споен со шестстепен мануелен менувач. Моќноста ќе се пренесува на предните тркала.
Новиот „Сивик“ е прв модел на јапонскиот производител со ознаката „Тајп Р“, која ќе го најде своето место и на американскиот пазар, а ќе се произведува во фабриката на „Хонда“ во Свиндон во Велика Британија. Производството ќе почне на лето, а автомобилот ќе се продава на поголемите европски пазари и други важни пазари во светот, вклучувајќи ја секако и Јапонија.
Прототипот на „Тајп Р“ беше промовиран на Саемот за автомобили во Париз минатата година.