Прв трофеј во Купот на Македонија за кошаркарките на Вардар

Од:

Кошаркарките на Вардар со победата од 69:65 над Бадел за првпат во клупската историја го освоија Купот на Македонија. Ова беше трето финале за Вардар по 2001 и 2011 година.

Финалниот натпревар мина во изедначена игра во која двата тима се менуваа во водство. Вардар го доби првото полувреме со 42:37, но Бадел беше подобар во третиот период. Последната четвртина повторно им припадна на кошаркарките на Вардар.

Најефикасна на финалето беше Едина Муса со 23 поени и 11 скокови, а играше до 34.минута кога поради пет лични го заврши натпреварот. Одлична соработка имаше и од Форка Ѓорчева која постигна 10 поени, а имаше 14 скокови. Кај Бадел најефикасна беше Андријана Лескароска со 20 поени.

Кошаркарките на Бадел не успеаја да го одбранат пехарот во ова натпреварување освоен последните три години. Инаку, за оваа екипа ова беше 18.то финале во 25 годишната историја на Купот на Македонија, а имаат освоено 13 трофеи од кои 9 како Вигор Скопје, 3 како Бадел и 1 како Симекс Скопје.

Машкото финале од Лимак Купот на Македонија меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи почнува во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он