Германскиот автомобилски гигант Мерцедес е подготвен за пуштање во производство на првиот камион со целосно електричен погон.
Камионот ќе биде базиран врз концептот Urban e-Truck презентиран минатата година.
Ќе се понудат две големини на камион, еден од 18 и еден од 25 тони, а купувачите ќе може да бираат помеѓу класичниот товарен камион, камион со ладилник или платформа.
Со товар од 12,8 тони, камионот би можел да помине околу 200 километри. Батеријата од 212 киловат часови ќе ги напојува двата електромотори.
Оваа година се очекува да бидат произведени мал број на вакви камиони, кои би се продавале само во Германија, за да до 2020. година се започне со масовно производство.