Атлетичарот Ристе Пандев-спортист на годината во Струмица

Од:

Атлетичарот Ристе Пандев е избран за најдобар спортист на годината во Струмица. Поради неговите подготовки во Швајцарија, наградата која ја добива трет пат ја прими неговиот тренер Ване Стојанов. Пандев лани ја претставуваше Македонија на Олимписките игри во Рио де Женеиро.

– Решивме да ја промениме дисциплината на 200 и 400 метри и се надеваме дека сериозно ќе настапиме на меѓународните натпревари. Ако се одвиваат подготовките според планираното се надевам дека на таа дисциплина ќе имаме сериозни успеси бидејќи брзината ја имаме, изјави тренерот Стојанов.

На второто место за најдобар спортист беше избран Васе Михаилов од Одбојкарскиот клуб Струмица, додека третата награда и припадна на Павлинка Николовска од женскиот фудбалски клуб Тиверија.

Во категоријата најдобра спортска екипа првата наградата ја доби сениорскиот тим на Фудбалскиот клуб Академија Пандев. Нивниот тренер Панче Стојанов ја подигна првата награда за најдобар тренер, кој истакна дека очекува да ја исполнат зацртаната цел, влез во првата лига.

– Оваа награда за мене е признание за мојата работа во изминатите години, но значи и голем успех за фудбалерите кои ги исполнуваат моите идеи така што преку нивната игра се гледа мојата работа, рече Стојанов.

Втората награда во категоријата најуспешна спортска екипа и припадна на ЖФК Тиверија, додека третата награда ја доби Кик бокс клубот Струмица-Тим Зоран.

Фудбалскиот клуб Академија Пандев се закити и со наградта за најдобар тренер во младинските категории. Југослав Тренчовски беше прогласен за најдобар тренер. Овие награди, како што вели Тренчовски претставуваат голема чест за нив, но и обврска и поттик за успешна работа и во иднина.

– Сето тоа се должи на макотрпната работа, фамилијарната атмосфера и условите обезбедени од сопственикот Горан Пандев, како и организацијата која е на завидно ниво, истакна Тренчовски.

Најуспешен тренер во млади категории втората награда ја поделија Славе Велков од ЖФК Тиверија и Хари Наковски од одбојкарскиот клуб Наковски волеј-Кадетки, додека третата награда ја доби Иванче Ончев од ракометниот клуб Струмица.

Академија Пандев се здоби со награди и во категориите најуспешна млада спортска екипа и најдобар спортист во млади категории, која му припадна на Александар Мишов. Второто место за најдобар спортис во млади категории отиде во рацете на Ана Фасулева од ОЈ Наковски волеј, додека третото место кај Елена Панеска од ЖФК Тиверија.

Во категоријата најдобра спортска екипа во млади категории покрај првонаградените Академија Пандев, второпласирани беа ЖФК Тиверија кадети, а третото место го освои Одбојкарскиот клуб Струмица-Младинци.

Заменик-градоначалникот Костадин Костадинов рече дека е голема чест да се доделуваат овие награди и потенцираше оти Струмица е една од општините која најмногу инвестира во спортот со 14,5 милиони денари од буџетот од делот за програмата за спорт.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди