Шојгу: Обидите да се води дијалог со Русија од позиција на сила се бесперспективни

Од:

Руското Министерство за одбрана е подготвено да ја обнови соработката со Пентагон, но обидите да се води дијалог со Русија од позиција на сила се бесперспективни, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Неговата изјава уследи откако американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на средбата на министри за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел наведе дека САД остануваат ангажирани за воспоставување на соработка со Русија, но оти ќе разговараат со Москва „од позиција на сила“.

– На денешната средба во Баку на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов со американскиот колега Џозеф Данфорд очекуваме да биде објаснет ставот на Пентагот, посочи Шојгу.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска