Абас: Палестинците и натаму инсистираат на решение со две држави

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас инсистира на запирање на ширењето на израелската доселеничка активност на окупираните територии и изјави дека е посветен на решението со две држави, откако американскиот претседател Доналд Трамп спомена дека може да прифати алтернативни начини на уредување на израелско-палестинскиот конфликт, пренесоа британските медиуми.

„Палестинското раководство ја подвлекува својата посветеност на решението со две држави и на меѓународното право и меѓународната легитимност на начин што ќе обезбеди запирање на израелската окупација и создавање на палестинска држава со главен град Источен Ерусалим“, соопшти канцеларијата на Абас.

Палестинскиот претседател изјави дека се согласува со повикот на Трамп кон Израел за воздржување од доселеничка активност на окупираниот Западен брег и во Источен Ерусалим.

„Претседателството сака (Израел) да се согласи (со повикот на Трамп) и тој на меѓународната заедница за запирање на сите доселенички активности, вклучувајќи го окупираниот Источен Ерусалим“, соопшти канцеларијата на Абас.

Во соопштението се посочува дека Палестинците ја потврдуваат својата „подготвеност да работат со Владата на Трамп за постигнување на мирот “.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат