Асад: Уредбата на Трамп за забрана на влез во САД не е против Сиријците

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да го забрани влезот за државјаните на Сирија во САД „не се однесува на сирискиот народ“.

– Тоа е против терористите кои би се инфилтрирале меѓу мигрантите на Запад. И тоа се случувало. Се случувало во Европа, главно во Германија, истакна Асад во интервјуто за француското радио “Јунор 1“.

Извршната уредба на Трамп, со која на патниците од седум муслимански земји се забранува влез во САД предизвика големо незадоволство во светот, а и во самата Америка, каде сојузниот апелацiski суд ја оспори.

Зборувајќи за конфликтот во Сирија, Асад наведе дека освојувањето на Рака не е приоритет за владините сили, тука дека нивна цел е да ја заземат „секоја педа“ од сириската територија.

– Рака е симбол, нагласи сирискиот претседател оценувајќи дека џихадистичките напади во Франција не се „ неизбежно подготвени“ во упориштетот на Исламската држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он