Најмалку 15 лица загинаа денеска при експлозија на автомбил-бомба во ирачкиот главен град Багдад.
Како што јави катарската телевизија Ал Џазира, при експлозијата се повредени околу 50 лица.
Нападот со автомобилот-бомба се случил во багдадската шиитска населба Садр.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.