Кошаркарите на Работнички вечерва убедливо со 110:69 го победија Вардар на отворањето на 7.коло од Првата лига.
До високата разлика повеќекратниот македонски шампион дојде по подобрата игра во сите четири периоди кои ги реши во своја корист со 29:24; 27:18; 21:10 и 33:17. Ненад Зивчевиќ со 19, Јане Петровски со 17 и Марјан Ѓуров со 16 постигнати поени беа најефикасни во победничката екипа.
Кај вардарци, воедно и на натпреварот најефикасен беше Драган Керкез со 23 поени, а „двоцифрени“ беа и Дарко Костески со 14 и Војче Лефкоски со 11 поени.