Сириската опозиција реши да присуствува на преговорите во Астана

Од:

Сириската опозиција денеска соопшти дека нејзина делегација ќе присуствува на мировните преговри за Сирија, што ќе се одржат утре во казахстанскиот главен град Астана, јави ДПА.

– Опозициската делегација ќе биде малубројна. Таа ќе има само шест члена, изјави портпарокот на опозициската Сириска национална коалиција, Ахмад Рамадан.

Тој нагласи дека во составот на делегацијата ќе доминираат команданти на бунтовничките вооружени групи, но дека во неа ќе бидат вклучени и опозициски политичари и советници.

Делегацијата ќе ја предводи лидерот на бунтовниката група Армија на Исламот, Мохамед Алуш.

Преговорите во Астана, кои се под покровителство на Русија, Турција и Иран, се очекува да бидат насочени кон одржување на кревкото примирје меѓу владините сили и умерените бунтовнички групи во Сирија, кое беше прогласено на 30 декември минатата година.

Претставник на сириската опозиција, кој побрал анонимност, за ДПА изјави дека Турција извршиле силен притсокот врз опозициските групи за присуство на средбата во Астана,

Опозицијата најави дека во Астана ќе разговара само за примирјето, а не и за политички теми.

Во меѓу време, пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура соопшти дека нема да присуствува на разговорите во Астана, но дека ќе испрати делегација од нековиот тим.

Наместо во Астана, Мистура утре ќе престојува во Москва на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Мистура денеска изјави дека очекува 2017 година да донесе „почеток на крајот на вооружениот конфикт“ во Сирија, што започна во март 2011 година.

Преговоирте во Астана првично беа закажани за денеска, но доцна синоќа беше соопштено дека тие се одлгаат за еден ден.

Средбата во Астана се смета како подготвителен состанок пред мировните преговори во Женева, што ќе се одржат кон крајот на месецов под покровителство на ОН.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он