Фронтекс очекува рекорден бегалски бран преку Медитеранот и оваа година

Од:

Европската унија и оваа година треба да очекува од Либија преку Средоземното Море да преминат речиси ист број мигранти како и лани, кога рекорден број лица пристигнаа во Италија, изјави директорот на Фронтекс, Фабрис Леџери.

Околу 1,6 милиони бегалци и мигранти пристигнаа во ЕУ преку Медитеранот во периодот 2014 – 2016 година.

– Во 2016, 2015 и 2014 година имавме над 150.000 мигранти кои доаѓаа од Либија. Лани имавме зголемување за 17 отсто или 181.000 случаи на незаконско преминување на мигранти кои доаѓаа од Либија. Треба да сме подготвени да се соочиме со ист број, нагласи Леџери.

Според податоци на Фронтекс, минатата година се депортирани околу 176.000 луѓе, речиси исто колку и во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски