Матис: САД ќе ја намалат посветеноста кон НАТО ако сојузниците не го зголемат финансискиот удел

Од:

Новиот шеф на Пентагон, Џејмс Матис изјави денеска дека американските сојузници од НАТО мора да ги зголемат своите финансиски придонеси во заедничката одбрана или во спротивно САД ќе ја намали својата посветеност на Алијансата.

– Американските даночни обврзници веќе не можат да даваат нерамномерен удел во одбрана на западните вредности, изјави Матис во порака до колегите во седиштето на НАТО во Брисел.

Американскиот секретар за одбрана обвини некои држави членки на НАТО дека ги игнорираат заканите, меѓу кои и оние што доаѓаат од Русија.

– Должен сум јасно да укажам на политичката реалност во САД и конкретно да ви пренесам праведно барање од мојот народ, нагласил Матис на состанокот зад затворени врати на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел.

Тој навел дека САД ќе ги исполнат своите обврски, но сојузниците од НАТО мора да дадат поддршка за заедничката одбрана „доколку не сакаат САД даја намали својата посеветеност на Алијансата“.

Матис не прецизирал како би можеле САД да ја намалат својата „посветеност на НАТО“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска