Германската левица на пат да ја урне Меркел

Од:

Последната анкета спроведена од агенцијата за истражување на јавно мислење ИНСА покажува дека трите германски партии, што ја следат левичарската идеологија можат во септември да освојат доволно гласови за да ја урнат ЦДУ и канцеларката Ангела Меркел.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, анкетата покажува дека Социјал – Демократите, „Левица“ и „Зелените“ во септември ќе освојат 48 отсто од сите гласови, што заедно со трендовите кои покажуваат пораст на рејтингот на СПД може да доведе до уривање на владата која во последниве 12 години ја води Ангела Меркел. Од левичарските гласови најмногу има СПД 31 процент, што е за еден процент повеќе од ЦДУ со 30 отсто, втора левичарската партија е „Левицата“ со 10 проценти а трета се „Зелените“ со стабилни 7 отсто поддршка. Слична ситуација во Германија имаше и во 2013 година кога СПД поради недоразбирањата меѓу СПД и „Левицата“ повторно дојде до формирање на „Голема коалиција“ меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД.

Според друга анкета спроведена од агенцијата „ЈуГов“ минатата недела дури 64 отсто од Германците имаат имаат дилеми дали Ангела Меркел треба да биде старо-нов канцелар. Од речиси две третини Германци 42 проценти сметаат дека таа треба да си замине од позицијата, а 22 отсто велат дека „можеби“ е добра идеја ЦДУ да избере нов лидер и кандидат за канцелар. Околу 19 проценти од испитаниците сметаат дека „веројатно“ најдобро е Меркел да остане на својата позиција а само 8 отсто без никакви дилеми сакаат да ја видат повторно на позицијата канцелар.

Во врска со можноста ЦДУ со Меркел да победи на идните избори само 19 проценти се сигурни во таква можност, а 35 не веруваат во таква можност.

Од декември кога екс претседателот на Европскиот Парламент се кандидираше за иден гемански канцелар од редовите на СПД рејтингот на оваа партија се зголеми за речиси една третина што е најголема промена за една владеачка партија во германската политика од 1998 година. Во моментов трета најсилна германска партија е Алтерантива за Германија која што сто нејзините антиисламски и антибегалски политики за само 40 месеци од основањето успеа да освои меѓу 12 и 15 проценти од јавната поддршка.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани