„Тојота“ за 20 години испорачала 10 милиони хибридни автомобили

Од:

Вкупната продажба на автомобилите со брендот „Тојота“, на хибриден погон, на крајот на јануари достигна над милион.

Јапонскиот производител не само што е пионер во производството на хибридни возила, туку е далеку пред сите други автомобилски компании во светот кога станува збор за кумулативната продажба на овие два вида автомобили.

„Тојота“ во моментов во понудата има 34 модели со хибриден погон, вклучувајќи ги и автомобилите на својот луксузен бренд „Лексус“.

Од вкупно десет милиони хибриди, колку што се произведени во текот на претходните 20 години, најмногу им се испорачани на купувачите на северноамериканскиот пазар, каде се пласирани повеќе од три милиони автомобили.

Светот ги прифати возилата на хибриден погон, но на јапонскиот производител не му беше лесно кога во 1997 година го претстави првиот модел што освен конвенционален бензински имаше и електричен мотор.

Пред две децении на хибридите се гледаше како на уште еден експеримент во автомобилската индустрија пред кој е неизвесната иднина. „Тојота“ , сепак, одлучно зачекори во непознатото.

И покрај почетните неуспеси (на инженерите дури по 49 дена им појде од рака да лансираат прототип на првиот „Приус“, а и тогаш успеале да минат само 500 метри), јапонската компанија денеска е лидер во производството и продажбата на возилата со хибриден погон, а по нејзините стапки тргнаа речиси сите големи производители на автомобили.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска