Нарачал убиство по смс, ама го згрешил бројот

Од:

Џеф Литл (42) од Вашингтон, САД, имал намери да ја убие својата сопруга и четиригодишната ќерка, но наместо на својот познаник, убиецот именуван како Шајн, му испратил СМС на својот шеф. Бизнисменот потоа итно и дојавил на полицијата, јавува „Метро“.

„Еј, Шајн, како е. Помниш ли дека ми рече оти можеш да ми помогнеш да ја убијам жена ми. Ќе го прифатам предлогот“, гласи пораката на Литл.

Жената е идентификуана како Рода Ми Фунтанила Литл. Преписката од СМС пораките што полицијата ги открила по претресот потоа, ги содржи и сите подробности за тоа каде жената работи и времето кога таа се враќа од работа. Убиството требало да изгледа како грабеж каде што работите излегле од контрола.

Нејзиното животно осигурување изнесува 1,5 милиони долари, па планот бил – по убиството нарачателот и извршителот да си ги поделат парите од отштетата.

По претресот, Литл се правдал дека застрашувачките пораки зачувани во неговиот телефон можеби се случајно испратени од неговата ќерка.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски