Средбата за Сирија во Астана, што беше предвидена за денеска, се одложува за еден ден

Од:

Седницата на меѓународната група за решавање на кризата во Сирија, што требаше да се одржи денеска во Астана, се одложува за еден ден, соопшти казахстанското Министерство за надворешни работи.

Делегациите на сириската Влада и бунтовниците веќе се пристигнати во Астана за преговорите, на кои исто така е поканет и специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура.

На 6 февруари во Астана се одржа првата седница на заедничката оперативна група за мониторинг на режимот на прекин на огнот во Сирија, со учество на експерти од Русија, Турција и Иран, како и од ОН и Јордан.

Групата беше составена по конференцијата за решавањето на сирискиот конфликт, што се одржа на 23 и 24 јануари во Астана.

Следната средба на групата беше планирана за 15-16 февруари, потсетува ТАСС.

На средбата зад затворени врати за Сирија предвидено е учество на претставници на сирискиот режим, на Русија, Турција и Иран, но без сириската опозиција.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он