Русија постави нова оперативна крстосувачка ракета и покрај противењата на американските официјални лица кои тврдат дека со тоа се крши договор за контрола на вооружувањето со кој на Русија и на САД им е забрането поставување на земја ракети од среден дострел, објави „Њујорк тајмс“.
Весникот цитира неименувани официјални лица.
САД во 2014 година заклучиле дека Русија со тестирање на експериментални нови крстосувачки ракети прекршила договор од 1987 година со кој се забранува лансирање од земја на ракети од среден дострел.
– Официјални лица во САД сега заклучиле дека ракета ССЦ-8 е оперативна и тајно поставена – наведува весникот.