Новиот „Ламборџини Урус“ „уловен“ на тестирање во Норвешка

Од:

Новиот СУВ модел на „Ламборџини“ е фотографиран во текот на тестовите на еден пат во Норвешка.

Тестираниот автомобил е целосно покриен со маскирана фолија, но нема сомнение дека се работи за сериската верзија на моделот „Урус“ што многу наликува на истоимениот концепт од 2012 година.

Да потсетиме, во почетокот на февруари шефот на „Ламборџини“, Стефано Доменикали, потврди дека пробното сериско производство за моделот „Урус“ ќе почне во април, додека од порано веќе беше најавено дека овој СУВ модел во продажните салони ќе пристигне на почетокот на 2018 година.

Засега е познато дека автомобилот ќе добива сила од 4.0 би-турбо В8 мотор, па „Урус“ ќе биде единствениот „Ламборџини“ во актуелната гама со турбо наполнет агрегат.

Според некои најави, во план е и верзија со хибриден погон, но не и дизел мотор што се користи во сродните СУВ модели на групацијата „Фолксваген“.

Како многу веројатен термин на одржување на светската премиера на моделот „Урус“, се наведува април и авто салонот во Шангај.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска