Кремљ: Оставката на советникот на Трамп е внатрешна работа на САД

Од:

Оставката на Мајкл Флин, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, е внатрешна работа на САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Кажавме се што сакавме да кажеме, истакна Песков на прес-конференцијата.

Флин поднесе оставка откако беше откриено дека разговарал со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак за санкциите кои администрацијата на претходниот претседател на САД Барак Обама ги воведе против Москва, пред Трамп да ја презеде должноста. Флин го излажал американскиот потпретседател Мајк Пенс дека не се случил таков разговор.

Песков претходно наведе дека Флин и Кисљак не разговарале за укинувањето на санкциите, но денеска одби да одговори на прашањето за неговиот претходен коментар.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја