Актуелната генерација на „Џип Вранглер“ е пред својот крај, па компанијата одлучи да го испрати „во пензија“ со верзијата „Рубикон Рекон“.
Производителите на автомобили често ги чуваат најсилните верзии на своите модели за крај на производството, а таа стратегија ја следи и „Џип“, кој го претстави „Вранглер Рубикон Рекон“, моќна верзија на и онака способно возило. Оваа верзија е последна од генерацијата која си заминува, а следната стигнува во 2018 година.
„Рубикон Рекон“ доби многу компоненти карактеристични за теренски возилата, како и многу подобрувања. Поседува 3,6-литарски В6 мотор поврзан со шестстепен мануелен менувач. Петстепениот автоматски менувач може да се добие со доплата.
Седиштата се пресвлечени со кожа и имаат грејачи, а во внатрешноста има црвени безбедносни појаси и патосници со логото на „Џуо“. На возачот на располагање му е и екран, кој пружа разни информации.
Цената на „Вранглер Рубикон Рекон“ со две врати изнесува 39.145 долари, додека моделот „„Вранглер Рубикон Рекон Анлимитед“ со четири врати чини 42.945 долари.
Новата генерација на „Вранглер“ треба да дебитира во ноември, а почетокот на продажбата се очекува во стартот на 2018 година.