Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ја проширува својата кампања против говорот на омраза, па администраторите почнаа според ИП адреси да ги идентификуваат луѓето кои се блокирани поради насилнички говор и однесување, и така ќе им биде забрането да отвораат нови профили.
Твитер исто така ќе воведе и тн. „безбедно пребарување”, функција која ќе ги потиснува сите потенцијално чувствителни содржини и објави од блокираните или пријавени адреси. Таквите „твитови” нема да се бришат, но нема ниту да се појавуваат во резултатите од пребарувањето.
Новите мерки подразбираат и маргинализирање на агресивните и „несоодветни” одговори, кои ќе останат јавно достапни во пребарувањето, но нема да се појавуваат насекаде.