Американските научници развија технологија која овозможува примена на ласер при отстранување на тумор на мозокот, пренесоа странските медиуми.
Тестирањето е спроведено на 360 пациенти и покажува дека со ласер е можно попрецизно да се одреди каде завршува ткивото на туморот и каде почнува здравото ткиво на мозокот, објави стручното списание Nature Biomedical Engineering.
Тоа на хирурзите им овозможува да отстрануваат цел тумор од мозокот и да ја елиминираат потребата за евентуално нови операции, објаснуваат истражувачите од Харвард и нивните колеги од Универзитетот во Мичиген.
Истовремено, се намалува ризикот неврохирурзите по грешка да отстранат здраво ткиво.
Делувањето на ласерот се темели на користење на разликите на хемискиот состав на ткивото на туморот и на здравото ткиво.