Крадци ја украле Нобеловата награда од домот на Каилаш Сатиарти во Њу Делхи

Од:

Крадци денеска провалиле во домот на индискиот лауреат на Нобеловата награда за мир за 2014 година, Каилаш Сатиарти, во Њу Делхи, и ја украле репликата на неговата награда, соопшти полицијата.

Полицискиот претставник Ромил Бања за британските медиуми изјави дека утринава репликата била украдена од домот на активистот за правата на децата, во јужен Делхи, пренесоа британските медиуми.

Освен репликата украдени се и други подароци и признанија, изјави Ракеш Сенгер, директор на движењето Бачпан Бачао Андолан – „ Да го спасиме детството“, кое го основал Сатијарти.

Сатијар, инаку, во време на кражбата бил на пат, па не беше достапен за коментари.

Неговата Нобелова награда се наоѓа во палатата на индискиот претседател Пранаба Мукареџи, откако Сатијарти во 2015 година одлучи да и ја подари на нацијата.

Сатијарти (63) во 1980 година се откажал од кариерата на инжинер по електроника за да ја почне борбата против вработувањето деца. Оттогаш водел безброј мировни протести и демонстрации за да го привлече внимението на страдањата на децата експлоатирани за финансиска добивка.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска