Металург го пречекува фаворитот Загреб

Од:

По гостувањето во Веспрем каде македонскиот ракометен вицепрвак Металург претрпе пораз во таборот на нашиот клуб сите мисли се сега свртени кон следниот ривал и дуелот што во среда го игра на домашен терен против тимот на Загреб.

На денешната прес-конференција тренерот Лино Червар фаворитската улога ја препушти на хрватскиот тим.

– Загреб е фаворит, ние сакаме да прикажеме подобра игра од таа во саботата кога имавме грешки, промашени зицери и прерано се откажавме. Мора да се поправиме да играме за секоја топка, за секој гол. Кузмановски е подобар и мислам дека ќе игра на својата позиција и дека повредата е веќе минато, иако во Веспрем малку и ставувавме за неговиот настап, изјави Червар.

Репрезентативецот Стефан Дрогришки е со слично мислење.

– Мораме да направиме корекција на грешките од дуелот со Веспрем. Загреб е фаворит на дуелот, но ние иако сме млад тим имаме капацитет. Ова треба да биде одличен тест за нас.

Натпреварот Металург – Загреб се игра во среда во „ВИП Арена “ во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:45 часот.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ