Ракометарите на Металург претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Унгарија кај Веспрем во натпревар од регионалната СЕХА лига.
Унгарскиот шампион го потврди својот квалитет и уште од самиот почеток ја презеде контролата над резултатот, па на полувремето македонскиот вице-првак веќе имаше заостанување од осум гола 15-7. Во вториот дел од натпреварот унгарскиот тим рутинирано ја одржуваше предноста за на крајот да слави победа со 12 голови разлика 33-21 .
Во тимот на Металург најефикасен беше Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со 5 голови, а Жарко Пешевски постигна 4 гола, додека кај Веспрем, Драган Гајиќ и Ренато Силиќ постигнаа по 6 гола.
Во вториот денешен натпревар меѓу Цеље го совлада Мешков Брест со 29-27.
Утре, унгарскиот шампион, ќе го одигра и мечот против последно пласираната екипа на Извиѓач, додека во вечерниот термин ид 20 часот и 30 минути, македонскиот првак Вардар гостува во Словенија кај екипата на Горење Велње.
Следниот натпревар Mеталург ќе го игра на домашен терен во Скопје, против ППД Загреб и тоа во среда (8 февруари) со почеток од 17 часот и 45 минути.
Табела: Вардар 41 бодови, Веспрем 38, Целје 30, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Горење Велење 12, Нексе 12, Металург 10, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.