Купувачите на одделни модели на германскиот производител “Фолксваген“ наскоро ќе можат да го нарачаат својот автомобил со новиот систем на греење на предното ватробранско стакло, што нема да користи жица.
Проблемот за одмрзнување на ватробранското стакло на автомобилите, производителите го решија на начин што во своите автомобили почнаа да вградуваат греачи со многу тенки жици.
„Фолксваген“ сега понуди подобро решение и ги замени постојните греачи, што иако се многу тенки, сепак, се видливи во одредени случаи и околности. Новите одмрзнувачи се направени од многу тенок слој сребро што се наоѓа меѓу слоевите на ламинираното ветробранско сакло. Користејќи меѓу 400 и 500 вати ваквото стакло е во состојба брзо да се загрее и да го стопи снегот или мразот што се формирал на него.
Покрај тоа, новиот систем на „Фолксваген“ опфаќа дополнителни тенки влакна кои, исто така, се загреваат спречувајќи ги бришачите да замрзнат и се стврднат од мразот, и да се „зелепат“ за стаклото.
Во почеток, новото ветробранско стакло ќе биде достапно како опцијасо доплата за европскиот пазар и тоа во моделите на „Голф“, „Тигуан“, „Пасат“ и „Шаран“, и тоа по цена од 340 евра.