Коби Брајант стана најмладиот кошаркар кој успеал во својата кариера да постигне 30 илјади поени.
НБА ѕвездата со 29. поени ги предводеше ЛА Лејкерс до триумф на гостувањето против Њу Орлеанс од 103:87, со што влезе во елитното друштво како само петти играч, покрај великаните Карим Абдул Џабар (38,387), Карл Мелоун (36,928), Мајкл Џордан (32,292) и Вилт Чембрлен (31,419).