Зголемен бројот на работниците во индустријата

Од:

За 0,1 отсто е зголемен бројот на работниците во индустријата минатата година, а во декември 2016 во однос на истиот месец 2015 бележи пад од 0,9 проценти.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во декември 2016 во однос на декември 2015 бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот Преработувачка индустрија има намалување за 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е евидентиран пад од 0,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работници бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто, додека пораст има кај Енергија за 1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5, Капитални производи за 5,4 и Трајни производи за широка потрошувачка за 7 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата