Американски носач на авиони пристигна во непосредна близина на Сирија

Од:

Повеќенаменскиот нуклеарен носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ на американските воено-поморски сили на чело со поморска стратешка група пристигна во источниот дел на Средоземното Море и се наоѓа во непосредна близина на бреговите на Сирија, јавија британските медиуми.

На 1 декември носачот на авиони минал преку Суецкиот канал и навлегол во Средоземното Море, каде наишол на силна бура.

Бродот синоќа стигнал во бизина на сириските територијални води. На него има 70 авиони-ловци, а вкупниот број на екипажот, составен од морнари, пилоти и маринци изнесува осум илјади.

Речиси две недели покрај бреговите на Сирија се наоѓа и американски десантен хеликоптер.

Во моментов во источните делови на Средоземното Море поморската стратешка група има 17 бродови, меѓу кои еден крстосувач и десет фрегати и миноносци. На четири од бродовите има мултинационални системи за противракетна одбтрана Иџис.

Со пристигнувањето на „Двајат Ајзенхауер“ во непосредна бизина на Сирија веќе има десет илјади америикански војници.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски