Изложба на фотографии и нова песна за роденденот на Тоше

Од:

Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево денеска ќе биде одбележан 36-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, која во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата – музеј на Гумење во Крушево.

Во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне ќе биде отворена изложбата на петнаесетина досега необјавени фотографии на Тоше, а ќе биде промовирана и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никада“.

Во Крушево допатуваа фанови на Тоше од Бугарија, Србија, Русија… за уште еднаш да му укажат чест и почит за неговото музичко творештво и неговите хумани дела.

Во спомен на Тоше Проески денеска ќе се одржи и панихида на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.

Традиционално, по 13-ти пат во Домот на АРМ во Скопје ќе се спроведе крводарителска акција, во организација на Црвениот крст, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше фан форум клуб.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска