Во Алепо убиен почесниот конзул на Мароко во Сирија

Од:

Почесниот конзул на Мароко во Сирија Мохамед Алаедин Кајали е убиен во градот Алепо од вооружени напаѓачи.

Во нападот бил убиен уште еден човек, а еден е повреден.

Педесет и едно годишниот конзул е сириски државјанин и се наоѓал на оваа функција од 2001 година.

Кајали бил застрелан додека излегувал од хотел во Алепо заедно со пријателите. Вооружените мажи се наоѓале во такси, со кое потоа побегнале.

Мароко нема амбасадор во Сирија од ноември 2011 година, кога Рабат го повлече својот дипломатски претставник по нападот врз мароканската амбасада во Дамаск, извршен од приврзаници на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение