Американките Венус Вилијамс и Вандевег први полуфиналистки на АО

Од:

Американските тенисерки Венус Вилијамс и Коко Вандевег се првите полуфиналистки на годинашниот Австралија Опен.

Венус Вилијамс ја совлада Русинката Анастасија Павличенкова со 2:0 во сетови (6:4 и 7:6 (7:3)) и првпат по 2003 година кога беше финалистка на овој турнир ќе игра полуфинале.

Нејзина ривалка ќе и биде сонародничката Вандевег која во Мелбурн оваа година го игра својот најдобар Грен слем турнир. Таа во четвртфиналето ја победи Шпанката Гарбине Мугуруза со убедливи 2:0 во сетови (6:4 и 6:0).

Во вторите два четвртфинални дуели вечер по полноќ ќе играат:
Каролина Плискова (Чешка) – Мирјана Лучиќ-Барони (Хрватска) и Џоана Конта (Велика Британија) – Серена Вилијамс (САД).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ