Федерер – Вавринка прв полуфинален пар на Австралија Опен

Од:

На Грен слемот Австралија Опен во машка конкуренција позната е првата полуфинална двојка, откако денеска се одиграа два четвртфинални меча.

На првото четвртфинале победникот на овој турнир од 2014 година Стан Вавринка од Швајцарија со 3:0 во сетови го совлада Жо-Вилфред Цонга (Франција). По сетови (7:6; 6:4 и 6:3).

Во второто четвртфинале Рожер Федерер (Швајцарија) го совлада Миша Зверев (Германија) исто така со максимални 3-0, по сетови 6:1; 7;5 и 6:2.

Двајцата Швајцарци в четврток со почеток во 9 часот ќе се борат за пласман во финалето.

Утре играат:
Давид Гофин (Белгија) – Григор Димитров (Бугарија) и
Рафаел Надал (Шпанија) – Милош Раониќ (Канада).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ