Јотовски не избори настап на главниот турнир во Вестон

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Вестон, САД откако во 4. коло од квалификациите загуби од првиот носител Шпанецот Хауме Пла Малфието (545.место АТП листа). Македонецот мечот го загуби со 2-0, по сетови 6:0 и 6:2 во сетови.

Сепак, Јотовски останува со шанса за настап на турнирот, бидејќи е пријавен како „среќен губитник“.

Јотовски ќе игра на турнирот што е со награден фонд од 15.000 долари во конкуренција на двојки. Тој со Бразилецот Фабиано Де Паула во 1.коло ќе играат против тенисерите од Чиле, Бастиан Маља и Алехандро Табило.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ